(ФОТО) Марија Спасовска е државен првак во соло пеење за осмооделенци!

Уште еден успех за младата и талентирана Марија Спасовска…


Неа сигурно славата, по учеството на Јуниорсонгот, не и удри во глава туку продолжува чекор по чекор да ја гради својата кариера.
Покрај бројните настапи ширум земјата, Марија најде време и за Државниот натпревар во соло пеење за осмооделенци. Како и на регионалниот натпревар така и во државниот освои 99. поени, кои и ги додели Комисијата составена од професори од Музичкото училиште “Илија Николовски – Луј”. За државниот натпревар, иако учесниците можеле да избираат со која песна ќе се претстават, Марија била замолена да настапи со македонска композиција па таа се одлучила за „Сто години“ од Александра Јанева.



Марија е редовна ученичка во ООУ „Александар Македонски“ и покрај пеењето наоѓа време и за други школски активности на кои оди и на натпревари…и уште еднаш потврди дека кога се сака се’ се може.
Марија Спасовска ни најави дека секојдневно ја подготвува песната „My Heart Will Go On“ од Celine Dion од филмот Титаник за која наскоро ќе не изненади со нов кавер, а со истата композиција е поканета да настапи на прочуен фестивал за филмска музика во Варна, наскоро!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …