(ВИДЕО+ФОТО) Затворен рајскиот залив од познатиот филмски хит: Каде човечката нога минува, “тука трева не расте”

Плажата е клучно место за приказната на филмот во кој главната улога ја толкувал Леонардо Дикаприо…

Тајландскиот залив, кој по филмот „Плажа” станал познат ширум светот, ќе остане затворен до 2021. година, бидејќи неговата флора и фауна се тешко нарушени поради огромниот број на посетители.


Заливот Маја, на островот Фи Фи Ле, бил привремено затворен минатата година. Пред тоа секој ден го посетувале до 5.000 луѓе.
Како резултат на тоа, повеќето корали угинале, објавува “BBC”.
Властите сега ја продолжиле забраната за посетители на уште две години, за да му се даде повеќе време на еколошкото закрепнување на заливот.
Плажата е клучно место за приказната на филмот во кој главната улога ја толкувал Леонардо Дикаприо.


Откако плажата била затворена минатата година, во нејзините води биле видени и ајкули.


Професорот Тон Тамронгнавасават, кој го советува тајландското министерство за национални паркови, во јануари рекол дека бројот на посетители, кога заливот ќе биде повторно отворен, ќе биде ограничен.

На чамците повеќе нема да им биде дозволено да се закотвуваат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Национално триатлон првенство – Дојран 2024

Викендов во Дојран, во организација на Триатлон федерација на Македонија и Општина Дојран, ќе се …