(ФОТО) Мајка поради корона вирус прво го загубила синот, а неколку дена подоцна и ќерката

48-годишната Монет Хикс го загубила својот 20-годишен син Бајрон од последиците на коронавирусот, а потоа 11. дена подоцна, од истата болест починала нејзината 22-годишна ќерка Мајчела.
„Добро се држам во текот на денот, но тоа навистина ме погодува во текот на ноќта“, изјавила Монет за Ен-Би-Си 6, додавајќи: „Јас сум толку навикнат да бидат тука“.
Планирањето на нивните погреби е неверојатно тешко, а во едно интервју таа рекла дека нивната состојба, по заболувањето со коронавирус, се влошила поради здравствени проблеми што ги имале порано.
Исто така, официјален претставник на канцеларијата за медицински истраги во округот Броуард потврдил, за NBC News во вторникот, дека главните причини за нивната смрт биле компликациите предизвикани од коронавирусот. Морбидна дебелина и астма биле наведени како причини за смртта на Бајрон, додека за Мајчела се наведува дебелината, астмата и хроничното опструктивно белодробно заболување.


Хикс рекла дека проблемите со дишењето на нејзиниот син се случиле на 27. јуни.
„Дојдов да го проверам. Тој седеше во дневната соба на спратот. Спиеше, но дишеше многу тешко“, се присетила неутешната мајка.
Таа повикала брза помош и бил однесен во болница, каде подоцна починал. Една седмица подоцна, додека семејството ја оплакувало смртта на Бајрон, Мајчела отишла во болница затоа што почнала да има главоболки и треска. Со текот на деновите, нејзината состојба се влошувала. Дишеше со помош на апарат, крвниот притисок и паднал и на крајот го загубила бубрегот. Според Today, девојката починалоа на 8. јули.


Хикс, која има уште четири деца, рекла дека верувала оти Мајчела ќе се опорави бидејќи била борец. За жал, тоа не се случило, и оваа мајка сега ги охрабрува другите луѓе да ги преземат сите мерки на претпазливост за да се заштитат себеси.
„Носете маски. Бидете внимателни и сфатете го овој вирус сериозно“, рекла таа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …