(ВИДЕО) Лазања од тиган: Готова за 30. минути!

Нашиот предлог за утрешниот брз ручек е лазања од тиган…
Состојки за 4 лица: 250 грама свежи тестенини за лазања; 600 мл сос од домати; 300 грама моцарела или друго сирење; 25 грама рендано сирење (пармезан); 1 чешне лук, малку маслиново масло, малку сол, босилек, бибер.
Подготовка: Истурете малку маслиново масло во тавчето и додадете го целото чешне лук. Оставете малку да се динста, а потоа додадете свеж босилек и сос домати. Варете околу 15 минути.
Кога сосот е подготвен, извадете го од плочата за готвење. Ставете го тиганот на плочата за готвење и истурете од подготвениот сос во неа со лажица супа, потоа два листа тесто од лазања, а потоа и двете сирења. Продолжете со редење во тој редослед сè додека не го искористите целиот материјал. Покријте и варете 15 минути.
Повеќе детали за подготовка погледнете во видеото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Колагенот е одговорен за младешкиот изглед: А овие 10 намирници го имаат во изобилство, треба да ги јадете барем еднаш дневно

Зголемувањето на содржината на колаген во коските доведува до поголема цврстина и флексибилност, а со …