Херојот, 6. годишниот Бриџер Вокер,.кој добил 90. шевови откако го каснало куче додека ја штител помладата сестра, добил почесен појас на светски првак од Светскиот боксерски совет.
Кога веста станала вирална, WBC најавил дека Бриџер од Вајоминг ќе стане почесен светски првак за својата храброст која „претставува најдобри вредности на човештвото“.
Организацијата вчера на Твитер споделила фотографија од храброто дете, на која, насмеан позира во маичка на WBC и со познатиот зелен и златен појас.
„И новиот WBC шампион на светот, Бриџер, најхрабар човек на земјата, Вокер“, напишале покрај неа.
AND THE NEW WBC CHAMPION OF THE WORLD, Bridger "The bravest man on Earth" Walker 🔝🔰 pic.twitter.com/cxQV5O3SNL
— World Boxing Council (@WBCBoxing) July 21, 2020
Откако ја слушнал веста, Крис Еванс кој во филмовите на Марвел го отелотворува Капетан Америка, му снимил видео на момчето, а снимката која малечкиот херој ја гледал во неговиот костум на многумина им измамила солзи во очите.
Почест на момчето му оддале и многу други славни, меѓу кои и Крис Прат, исто така познат по улогите во филмовите од Марвел вселената. Тој момчето го нарекол вистински херој.
„Овој млад човек е пример за храброст, правејќи го незамисливото за да заштити некого кого го сака. Каква инспиративна приказна“, рекол Прат.
Прат открил дека му се јавила неговата тетка Ники, а тој чувствувал дека мора да сними видео. Додал и дека се надева дека неговата снимка ќе му донесе насмевка на лицето на храброто момче.