27-годишната манекенка на своите фанови на Инстаграм им го покажала својот неверојатен подарок од легендата на Манчестер Јунајтед.
Неверојатниот Louis Vuitton Malle Vendome има осум фиоки за најскапите нараквици, ѓердани и прстени на неверојатната бринета.
Луксузен подарок
Џорџина напишала, заедно со фотографија од две (од четирите) деца кои го виделе подарокот по прв пат: „Без зборови сум, Кристијано“.
Malle Vendome е дизајниран да го прослави отворањето на новиот бутик Луј Витон на плоштадот „Вендом“ во Париз. Куферот, висок повеќе од еден метар, има осум фиоки, огледало (како и кукла за ѓердани) во кои Џорџина може да закачи некои од нејзините најценети ѓердани.
Згодната бринета на почетокот на минатиот месец кога пристигна на Филмскиот фестивал во Венеција носеше дијаманти вредни 78 илјади фунти, четири светкави прстени, ѓердан од цвеќиња и обетки на Џардини Сегрети. Се проценува дека нејзината колекција накит вреди неверојатни 2,6 милиони фунти.
Фото: Принтскрин/Instagram