Отстранети му се половиот орган и еден тестис: Тажна исповед на еден дечко што зад воланот седнал пијан – „Вакво нешто не би му посакал ниту на најголемиот непријател“

Ако пиете, немојте да седнувате зад воланот!
Ако сте одлучиле да се опуштите со пријателите со неколку чаши алкохол, во никој случај не седнувајте зад воланот.
Покрај тоа што сериозно загрозувате нечиј живот или создавате трагедија, можете да си наштетите и на себе. Доказ за тоа е момчето од Мисури, Пол Бери, кое во мај, откако испило неколку чаши алкохол со пријателите, одлучил, околу два часот наутро, да ја изненади својата девојка во Илиноис .
Кога го преминал мостот, целосно ја загубил контролата зад воланот. Не се сеќава дали заспал или се лизнал на дождливиот асфалт.
– Почнав да одам во една насока, го свртев воланот кон другата, обидувајќи се да го исправам. Сепак, премногу го свртев и се превртев – ја започнал Пол својата приказна.

Се нашол под автомобилот
– Се свртев неколку пати, а ударот ме исфрли од задниот прозорец, па одлетав и продолжив да се тркалам. Удрив на земја и автомобилот се тркалаше право врз мене. Еден возач на камион застана и ги замоли другите возачи да му помогнат да го крене автомобилот од мене. Бев транспортиран во болницата во Сент Луис со хеликоптер, и во еден момент срцето ми застана.
– Имав неверојатна среќа што сум жив. Еден дел од вратата, само педа подалеку, би ме оставил парализиран до крајот на животот. Сепак, по пет недели, се разбудив од кома и сфатив какви повреди имам.
– Го скршив вратот, двата колкови, две ребра, карлица, вилица, нос. Доживеав трауматска повреда на мозокот. За време на операцијата, ми беше ставена титаниумска протеза за вилицата фиксирана со плочи од двете страни на моето лице и 13 завртки што ми излегуваа од брадата.


Сепак, тоа не е најлошото
За време на сударот, тркало отпаднало од автомобилот и го удрило директно во половиот орган. Хирурзите се обиделе да ја реконструираат областа со преостанатото ткиво, но Пол паднал во леукоцитоза, при што голем број крвни клетки стигнале до повреденото место.
Можело да биде фатално, па лекарите одлучиле да му го ампутираат пенисот и еден од тестисите.
– Не знам дали не сакав да верувам, беше шокантно. Мислев дека ќе закрепнам, но докторот влезе и ме праша дали имам смрзната сперма, бидејќи нема да можам да имам деца – рече тој.
По шест недели, тој бил пуштен од болница, и на крајот успеал целосно да се опорави, но му требало долго време да зборува за несреќата што ја имал.
– Иронично е што по несреќата почнав да се чувствувам како маж. Сакам да му кажам на целиот свет за емоционалната штета што ми ја нанесе несреќата. Тоа ми го промени животот засекогаш и не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател – заклучил младичот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …