Денес се навршуваат 14. години од трагичната смрт на Тоше Проески, денот кога засекогаш ги фрли во црнина сите негови блиски, семејството, пријателите, фановите како и оние кои имаа чест и привилегија да соработуваат со него…
По тој повод на Фејсбук се огласи и Тони Цетински:
„И денес четиринаесет години подоцна, тешко е да се зборува за Тоше, како и првиот ден кога се случи. Ништо не е исто со неговото заминување, а секој ден, месец и година фали уште повеќе, не само мене, туку и на сите нас кои имавме привилегија да го познаваме, да се дружиме, да работиме заедно, да се радуваме и да тагуваме! Искрено верувам дека од тој заминал во подобар свет, но благодарение на неговите дела и првенствено човечките доблести и скромност, останува засекогаш доказ и еден од оние кои ја враќаат вербата во човештвото и Бога. Сигурен сум дека тој нè чува на некој начин и нè чува за овој земски живот, затоа што тој беше и остана ангел на добрината. Ќе го сакаме засекогаш, и сè што планиравме заедно знам како ќе надокнадиме кога ќе се сретнеме во некој план, горе во вселената…
ЗАСЕКОГАШ ВО ❤️🤍🙏🏻“, напиша Тони Цетински на својот профил на Фејсбук.
(ФОТО) Тони Цетински со емотивна објава за Тоше Проески: „Верувам дека заминал во подобар свет – Тој беше ангел на добрината!“!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.