(ФОТО) ЛУЃЕТО САКААТ ДА ПЛОВАТ ОКРУЖЕНИ СО САНТИ ЛЕД: Заборавете го Медитеранот – во мода се крстарења по ледените мориња!

Заборавете на Медитеранот и Карибите барем еден момент. Оставете ги Барселона, Сицилија, Корзика, но и Куба, Бахамите и слични дестинации. Според списанието „Блумберг“, во мода се „ледени“ крстарења, т.е. . патувања за Норвешка, Гренланд, па дури и Антарктик.
Бидејќи туристите последниве години бараат уникатни искуства, овие дестинации дојдоа до „добра репутација“, пред се заради нивната оддалеченост, ексклузивност и потенцијална авантура. За да се исполнат барањата, превозните компании започнаа да нарачуваат бродови кои успешно пловат по ледените води …
Сепак,и тука има некои граници, а тие главно се однесуваат за патување кон Антарктикот. Том Марсант, основач и ко-сопственик на луксузната туристичка компанија „Black Tomato“, смета дека патувањето со цел напредок и развој на туристичката индустрија никогаш нема да биде толку зачестено што ќе стане достапна за „обичните“ луѓе.
„Станува збор за прилично оддалечена, недостапна, дива животна средина“, истакнува Марсант.
Растојанието и ексклузивноста на овие патувања е особено привлечен за генерацијата на милениумците кои се склони кон уникатни искуства и имаат пари да си ги дозволат тоа.


Новите бродови изградени за патувања во ледените региони се помали, поокретни и поудобни. Ваквите бродови ги прават од Lindblad Expeditions, чии бродови сместуваат до 45. патници и честопати ги изнајмуваат едно или две семејства. На среќниците им се нудат 25. различни тури на Артикот, па нам ни доаѓа на ум дека не би било лошо да се стане придружен член на некое семејство барем за еден момент.
Уште подобар е Magellan Explorer, кој ќе ве однесе на Арктикот за да уживате во богата понуда. Поточно, има 35. кабини опремени со брачни кревети и приватни балкони, како и бар, фитнес и сауна. Значи, додека пловите на -20, се загревате до +90 во сауната.
Патувања до далечните ладни делови на земјата досега вообичаено траеле две или повеќе недели, но со оглед на темпото на живот и деловните обврски, започнаа да се нудат тури што траат не подолго од седум дена. А цената? Од 10.000 американски долари по човек, со што е јасно дека овие крстарења ќе останат недостапни за „обичните луѓе“ уште долго време.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …