Не знае што да прави: Ги дочекала сопругот и љубовницата на аеродром – „Пребледе од шок!“

Го фатила сопругот како ја изневерува, но не знае како да го надмине тоа…
Оваа 44-годишна жена дошла до терапевтот Деидра за помош во врска со нејзините љубовни проблеми.
“Мојот сопруг ми кажа дека има многу работа и треба време само за него. Но, тој беше всушност со девојка која изгледа двојно помлада од него. Ние сме во брак 18. години и имаме два сина, сега на 16. и 12. години. Тој секогаш ми велеше дека ме сака и нашиот секс е одличен, но сето тоа се смени пред три месеци“.
Кога го прашала зошто е отсутен, тој и рекол дека е под стрес од работа и дека му треба одмор и сам ќе оди на патување. “Забележав дека купи нов мобилен телефон и го остави стариот дома. Решив да ги проверам неговите пораки и да најдам љубовни пораки помеѓу него и неговата љубовница”.


Вели дека и испратила порака и дознала дека е на годишен одмор со него, па дознала кога ќе се вратат и решила да ги пречека на аеродромот. Кога нејзиниот сопруг ја видел, целосно пребледел и бил шокиран.
“Тој ме лаже веќе една година. Има секс со неа а мене дома ми доаѓа уморен. Секако дека веќе немаме секс и дека повеќе не ме допира”. Сега е многу тажна и скршена и не знае како да го надмине тоа, па затоа ја прашува Деидре за помош.
Деидре и одговара: „Жал ми е. Сфаќам дека една година лажење и мамење е тешко да се прости. Ова е вистинска траума, но можете да ја надминете“.
„Одете ден на ден. Бидете љубезни со себе и оставете ги пријателите да ве поддржуваат и утешат. Не заборавајте да се грижите за вашето здравје, да јадете добро и да спиете доволно. Сè уште имате иднина, само не е како што порано сте замислувале“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …