(ФОТО) КРУНА НА ЉУБОВТА КОЈА ТРАЕ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА: Тенисерот Марин Чилиќ стана татко!

Тенисерот Марин Чилиќ и неговата сопруга Кристина го дочекаа своето прво дете

Кристина Милковиќ, сопруга на хрватскиот тенисер Марина Чилиќ, вчера родила син. Породувањето, како што пренесуваат хрватските, поминало во ред и без никакви компликации.


View this post on Instagram

Christmas is coming ❤️🌲⛄❄️⠀ .⠀ .⠀ #CroatiaFullOfMagic #Advent #adventuzagrebu


A post shared by Marin Čilić (@marincilic) on


Откако во април 2018. година ја озаконија нивната, тогаш 8.годишна врска, во црква во Цавтат,Марин и Кристина Чилиќ вчера станаа родители.

Марин пристигнувањето на бебето го најави минатата година, фотографирајќи се со количка за бебиња со описот: „Нов превоз. Пресреќен сум што можам со вас да ја споделам среќната вест дека тимот на Чилиќ ќе се прошири. Новиот член ќе ни се придружи во 2020 година“, напиша Марин покрај фотографијата што ја објави на својот профил на Инстаграм.

Инаку, Кристина Чилиќ поради љубовта дала отказ во банката каде што работела и впловила во бизнис водите и сега со сопругот живее во Монако….

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …