(ФОТО) Корисник на Reddit пронашол „црна дупка“ во средината на Тихиот Океан на мапите, по што следела дискусија

Еден корисник на Reddit на Google Maps пронашол „чудна црна дупка“ среде Тихиот Океан. Следела дебата во која луѓето се распрашувале дали се работи за црна дупка среде океанот, вулкан или дури врата за нов, подобар свет и ги презентираа своите теории. Се обидувале да откријат на што се однесува таа црна форма.
Имено, станува збор за островот Восток, ненаселен корален остров во рамките на Кирибати, чие појавување на мапите на Гугл предизвика бројни коментари. Откако фотографирањето на островот стана популарно на интернет поради неговиот специфичен изглед, луѓето дебатираа дали станува збор за тајна воена база и заклучиле дека поради некоја причина островот изгледа цензуриран.


Теоријата за воена база се појави поради доказите од минатото дека мапите на Google замаглуваат чувствителни географски локации како што се воени бази, затвори или острови што се користат за нуклеарни тестирања. Некои корисници ги изразија своите ставови.
„Што е тоа по ѓаволите? Воопшто не изгледа како остров“, „Првата мисла е дека островот е цензуриран. Нема смисла природната формација да биде толку црна“, „Можеби е подземен вулкан што предизвикува црнила, освен ако не е дупка. Веројатно се магматски карпи“, се некои од коментарите.


Некои шпекулираа дека оваа дупка го поврзува реалното со измислениот универзум, односно дека се работи за остров од телевизиската серија Lost. Потоа еден човек објаснил за што се работи.
„Она што го гледате како црно е всушност многу темно зелено, тоа е многу густа шума од дрвја“, напишал корисник на Редит. Имено, кога островот ќе се зголеми на мапите на Google, може да се забележат врвовите на дрвјата.


Фото: Reddit

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …