(ФОТО) Кога се појавила не изостанале коментари: Се уште е една од најпосакуваните жени на светот

Деми Мур (60) и нејзината ќерка Румер Вилис присуствувале на спектакуларната ревија на брендот Версаче во Лос Анџелес. Мајката и ќерката не можеле да ја тргнат насмевката од лицата, а добиле и пофалби за облеката.
И двете се одлучиле за црни, елегантни изданија. Младата актерка го истакнала трудничкиот стомак со тесен фустан, додека Деми покажала интересна комбинација, но да почнеме по ред.
Прославената актерка споила црна јакна со проѕирна кошула, а под здолништето носела панталони. Со пуштена коса и минимална шминка, Деми била на ниво на задачата, славејќи ја модата со едноставен, но ефективен јазик.

This image has an empty alt attribute; its file name is demi-mur-i-rumer-vilis.jpg


Да потсетиме дека, покрај актерските заслуги, Деми во 1996 година беше избрана за една од 50-те најубави луѓе на светот според магазинот People. Во 2004 година, споменатиот магазин ја рангираше на деветтото место на листата на најубави жени на сите времиња, а го зазеде седмото место во анкетата на списанието Life&Style за најдобро облечени жени во 2006 година.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како да ги поминете празниците без вишок килограми?

Во потрага сте по хранлив заменски оброк за управување со тежината? Брзото темпо на современиот …