Најстариот глумец Даглас вели дека се шокирал кога во декември, како што тврди, успеал да ја премине 100. година од животот, а неговата правнука Изи го добила името по него бидејќи тој се родил како Исур…
Глумецот Кирк Даглас (101) кон крајот на декември, минатата година, станал прадедо, кога неговиот најстар внук Камерон (39) со глумицата Вивиен Тибс (39) ја добил ќерката Изи. Синот на Мајкл Даглас (73) и филмската продуцентка Диандра Лукер (61) вчера објавил заедничка фотографија со најстариот и најмладиот член на семејството.
„Таа љубов помеѓу внуката и дедото не може да се опише со зборови“ рекол Камерон.
Девојчето старо четири недели го добило името Изи по својот прадедо Кирк. Имено, глумецот се родил како Исур Даниелович, а неговите родители биле Евреи кои од денешна Белорусија се преселиле во Њујорк.
Бројни фанови му честитале на Даглас и рекле дека е убаво да се видат неколку семејни генерации на собир. Камерон е најстар внук на Кирк, а се бави со глума како и’ татко му и дедото.Снимил помалку успешни филмови како „Loaded“, „The Perfect Beat“, „Adam and Eve“ и „It Runs in the Family“. Со колешката и инструкторка по јога Вивиен во врска е од 2016. година.
Кирк, освен најпознатиот син Мајкл, ги има и синовите Џоел (70) и Питер Винсент (62), кои се режисери, а го имал и синот Ерик кој во 46. година случајно се предозирал со лекови.
„Некако претрпиш такви работи. Тоа е се’ дел од животот“ ја коментирал глумецот неговата смрт во едно интервју. Даглас веќе 64. години е во брак со глумицата и режисерка Ен Бајденс (98).
„Ја сакам затоа што ми дава стабилност во лудиот свет во кој заработувам“, ја објаснил Кирк долговечноста на нивната врска.
Глумецот преживеал два мозочни удари, а во 1996. година му било посебно тешко бидејќи не можел да зборува. Вели дека го спасил хуморот.
„Што прави глумец кој не може да зборува. Чека да се вратат немите филмови“ се пошегувал Кирк и истакнал дека го шокирало тоа што е жив повеќе од 100. години.