(ФОТО) Рики Мартин:„Ме тераа да кријам дека сум геј поради кариерата“

Порториканецот кој актерската кариера ја започнал како дете во сапуницата „General Hospital“и се вратил на глумата.Во серијата за починатиот дизајнер Ѓани Версаче го глуми неговиот љубовник Антонио Д’Амико.
Пејачот Рики Мартин (46), во средата, гостувал во емисијата „Daily Show“ која ја води комичарот Тревор Ноа (33). Порториканскиот пејач открил зошто дури на 38. година на јавноста и признал дека е хомосексуалец.
„Ми требаше доста време да соберам храброст. Бев окружен со пријатели кои ми зборува ’Немој ниту случајно со тоа да излегуваш во јавност, бидејќи тоа сигурно ќе биде крај на твојата кариера’“ рекол пејачот. Додал и дека најголем поттик добивал од луѓето кои го сакаат и ценат и кои и самите биле жртви на „хомофобијата“.
„Во еден дел, за потиснување на сето тоа придонесе и моето строго воспитување. Освен тоа пораснав во средина и култура кои налагаат дека моите чувства кон мажи се страшни, неисправни и неприфатливи“, рекол музичарот со вистинско име Енрике Мартин Моралес кој во 2010. година на својата веб страна објавил дека е хомосексулец.
На музичкатаа сцена е повеќе од 30. години, а кон крајот на 90. ттите се прославил со сингловите како „Livin“, „la Vida Loca“ и „Shake Your Bon-Bon“.

„Почестен сум поради улогата во оваа врвна серија, а најголема чест ми е што по втор пат соработувам со генијалниот режисер Рајан Марфи“ рекол Рики. Двојката соработувала во 2012. година на сетот на серијата „Glee“ каде пејачот имал мала споредна улога на шпански професор.


Рики Мартин во серијата за починатиот дизјнер Ѓани Версаче го глуми неговиот љубовник Антонио Д’Амико.
Мартин кој актерската кариера ја започнал како дете во сапуницата „General Hospital“, и се вратил на глумата. Во серијата за починатиот дизанер Версаче, “Versace: American Crime Story“ го глуми љубовникот Антонио Д’Амико, кој 15. години бил во врска со дизајнерот.

Музичарот минатата недела, на премиерата на серијата открил дека се венчал со сликарот Јван Јосеф (33) после врска од помалку од две години.
„Разменивме завети, се заколнавме на се’ што треба и ги потпишавме сите потребни документи. Големата прослава ќе следи, наскоро“ рекол пејачот кој додал дека освен бракот склопиле и предбрачни договори.

Not your average door, not your average family ❤️ @archdigest #architecturaldigest


A post shared by Jwan Yosef (@jwanyosef) on


Со Јван би сакал да има ќерка, а веќе ги има близнаците Матео и Валентин (9) кои му ги родила сурогат мајка. Пејачот и неговиот сопруг сега заедно се грижат за нив во својот нов луксузен дом на Беверли Хилс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …