(ВИДЕО) „Екстра Бенд Скопје“ снимија свое музичко шоу со преработка на песни, актуелни и барани од публиката.

Момците кои минатата година ја заокружија со рекорден број на настапи, сериозно го сфатија барањето на публиката и решија во новата 2018 година да изненадат со проект кој ќе допре дури и до најпребирливите музички вкусови.
„Изборот го правевме селективно, односно премногу внимававме на кои песни најмногу реагира публиката, било да е тоа на свадби, свирки или какви и да беа прослави и сето тоа го склопивме во музички сплетови кои се за сечиј музички вкус и душа“, велат момците од бендот.
Видеата се снимени во соработка со Ване Петковски и неговата ИН Продукција, а веќе се емитуваат по голем број на Тв станици, но може да ги најдете и на официјалниот канал на „youtube“ на Ин продукција.
За потсетување, „Екстра Бенд Скопје„ во 2017 година го промовираа и спотот за песната „В’туѓа земја не останувам, а проектот со преработките на популарни хитови е само најава и почеток на богатата музичка година за бендот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …