(ВИДЕО) Оваа преработка на наше изворно македонско оро мора да ја слушнете!

Момчило Митровски Момо деновиве го промовираше проектот кој нема да остави никого рамнодушен, посебно љубителите на убавата македонска музика и почитувачите на нашето изворно творештво.

Имено, станува збор за „Чамче“, изворно македонско оро кое звучи навистина фантастично и е само најава за нешто ново и поголемо од овој наш музичар.
„За овој проект соработував со докажана и проверена екипа меѓу нив е и виолинистот Влатко Крстев. Ова оро е само најава за она што го планирам, а се надевам на негова реализација во брзо време. Станува збор за ЦД кое ќе содржи преработка на стари македонски изворни ора“, вели Момчило.
Аранжанот за „Чамче“ го направи Александар Јовевски, а снимено е во студиото „Подрумот“, додека пак видеото го изработи „Арт Продукција“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај, настапува на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

На 23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и …