(ФОТО) Ќерката на Пол Вокер добила улога во продолжението на „Брзи и бесни“

Медоу Вокер објави фотографија на Инстаграм од нејзината сцена во „Fast X”“, десеттиот дел од франшизата „Fast&Furious“, што беше направено во чест на нејзиниот покоен татко Пол Вокер.
„Првиот ‘Fast’ беше објавен кога имав една година! Пораснав на сетот гледајќи го татко ми, Вин (Дизел), Џордана, Мишел (Родригез), Лудакрис и многу други на екраните. Благодарение на татко ми, родена сум во семејството на ‘Fast&Furious’. Не ми се верува дека ќе бидам таму сега. Со оние кои беа таму за да ме гледаат како растем“, изјавила Медоу.


Вокер му се заблагодарила на режисерот на филмот, Луис Летериер, за неговата „љубезност, трпение и поддршка“ – додавајќи:
„Се чувствувам како да сте дел од семејството уште од почетокот на нашата работа, среќна сум што ова е само почеток“.

This image has an empty alt attribute; its file name is medou-voker.jpg
Таа подоцна му се заблагодарила на продуцентот Брендон Биртел – „најдобриот пријател на тато кој сега е мој најдобар пријател“ – пишувајќи:
„Ова не би било возможно без вас. Многу сум благословена што можам да го почитувам наследството на татко ми и да го споделувам со него засекогаш. Многу ве сакам сите“.



Пораката била поддржана од ѕвездите на франшизата.
„Тој беше толку горд на тебе!!!!“ напишал Иствуд.



Таткото на Медоу Вокер, Пол Вокер, беше еден од превобитните водечки актери во франшизата „Брзи и жестоки“, играјќи го уличниот тркач Брајан О’Конор во пет дела пред да умре на 40-годишна возраст по сообраќајна несреќа во ноември 2013 година, пишува “Deadline”.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …