(ВИДЕО+ФОТО) Победничката на Евровизија ја прозиваат за плагијат. Тврдат дека Tattoo е копија на две песни

Претставничката на ШВЕДСКА Лорин по втор пат го освои првото место на Евровизија и тоа го направи со песната Tattoo. И’ пред почетокот на Евровизија, Лорин важеше за главен фаворит, но некои медиуми и корисници на социјалните мрежи тврдат дека нејзината победничка песна е всушност плагијат.

Шпанскиот весник ABC објави дека песната на Лорин ги потсетила на многу други песни. Тие напишаа дека некои делови од песната имаат елементи од песната на АББА The Winner Takes It All, а нагласија и дека рефренот ги потсетува на Euphoria, песната со која Лорин победи на Евровизија во 2012 година.


Плагијат од неколку песни?
Исто така, тие тврдат дека инструменталниот дел во воведот на песната Tattoo има елементи од воведот на песната Flying Free во изведба на Pont Aeris, а таа песна е создадена во далечната 1999 година.
Оваа теорија се прошири на социјалните мрежи, па еден корисник на Твитер сподели компилација од тие песни во споредба со песната Tattoo.


„Жирито гласаше за плагијатна песна. Финците требаше да победат, жирито е корумпирано како и секогаш. Ја изгубив вербата во Евровизија”, рекол разочаран фан.


Имаше и други кои забележаа дека Tattoo ги потсетува на некои други песни, како на пример Mike Newton V Pleny…

Да споменеме како Лорин заврши на првото место со вкупно 583 поени, додека Финците беа втори со 57 поени помалку.

Фото: Принтскрин/eurovision.tv

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …