(ФОТО) ПОЛУДЕЛ ПО ТИНЕЈЏЕРКА, ЈА СЛЕДЕЛ КАКО КУЧЕ И ПОТОА ЗАМИНАЛ: Дали ова е причината за разводот на Тина и Винсент?

Откако почнаа шпекулациите дека Винсент Касел и Тина Кунаки се разведуваат, од сите страни пристигнуваат приказни за можната причина за распадот на бракот.
Кога Винсент Касел ги избриша сите фотографии од својот Инстаграм со сопругата Тина Кунаки, многумина тоа го протолкуваа како сигнал за развод. Со оглед на тоа што двојката не беше видена заедно од почетокот на годината, не беше тешко да се спојат 2 и 2.

Пред оваа драма, парот никогаш не се разделил. Сепак, се шпекулира дека на Касел сè помалку му се допаѓало слободоумното однесување на Тина.


This image has an empty alt attribute; its file name is vensan-kasel-i-tina-1-682x1024.jpg

Таа редовно ги бакнувала и гушкала другарките, излегувала и се однесувала во основа како и секоја друга девојка на нејзина возраст, додека актерот наводно бил тој што ја чувал нивната ќерка, што не му се допаѓало.
Се трудел на секој начин да ја „смири“, да ја прилагоди на себе и на своите години.


Сепак, досега тоа беа само шпекулации во јавноста. Додуша, не е чудно што кружеа вакви приказни ако се погледнат некои нивни стари фотографии кои сега повторно се појавија на мрежите и не одат во полза на младата Кунаки.
Имено, познато е дека манекенката имала едвај 19 години кога го запознала Винсент на Ибица. Поради неа актерот засекогаш ставил крај на секое помирување со Моника Белучи.

This image has an empty alt attribute; its file name is vensan-kasel-i-tina-3-761x1024.jpg


Винсент бил целосно обземан со тинејџерката и набрзо стапил во врска со неа, а подоцна и брак. Поради Кунаки правел се што таа побаралс, се фотографирал, и ги исполнувал хировите, а многумина коментирале дека се понижува.
На папарацо фотографиите се чинело како Тина насилно да го бакнува, повеќе уживајќи во „придобивките“ од врската со познатиот актер.

Секако, не е познато дали има вистина во овие приказни а како изгледале кога очигледно биле среќни, погледнете во галеријата подолу:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …