Во богатата колекција накит на војвотката од Кембриџ неодамна се појавило ново „камче“.
Војвотката Кејт Мидлтон на престижниот дипломатски прием на кој изгледала точно како треба да изгледа идната кралица, покажала нов дијамантски прстен. Таа за прв пат беше забележана со овој прстен на раката и сè уште не се знае дали станува збор за парче од колекцијата на кралскиот накит или за нов прстен направен за неа како подарок од принцот Вилијам.

Кејт не е позната како некој кој носи многу накит. Таа на раката обично го има венчалниот прстен, бурмата и прстенот на и вечноста, така што ова е друга нова ситуација за неа, пишува Мари Клер (Marie Claire).
Не била само Кејт таа која се пофалила со ново парче накит. Кралицата за прв пат носеше смарагден ѓердан, и со тоа ја проширила нејзината колекција за накит.