(ФОТО) Кејт Мидлтон и принцот Вилијам позирале со децата за најслатките божиќни честитки

Тројцата најмлади членови на петчленото семејство го привлекуваат вниманието на преслатката фотографија. Имено, Кенсингтонската палата објавила фотографија од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и нивните три деца, принцевите Џорџ и луис и принцезата Шарлот, а која е всушност божиќна честитка на славното семејство.
Фотографиите настанале есента на кралскиот имот во Норфолк каде членовите на семејството веќе традиционално го минуваат Божик.


„Прекрасно семејство“, „Луис расте многу брзо“, „Среќно семејство“, се некои од ласкавите коментари на обожавателите и следбеници на кралското семејство.
Честитките ја вклучуваат и досега необјавената фотографија од приемот после венчавката а на која принцот Вилијам и Кејт Мидлтон прегрнати гледаат огномет во Виндзор.

И покрај шпекулациите за лошиоте односи во семејството, принцевите Вилијам и Хари и нивните подобри половини, Кејт Мидлтон и Меган Маркл, заедно ќе го минат Божик во кругот на семејството.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …