(ФОТО) Никој и понатаму не ја знае мистеријата на стариот кратер во Русија

Едни тврделе дека кратерот е Пантомски и е фактички таен гулаг,а другите зборувале дека е нуспроизвод на мистериозните нуклеарни тестирања…
Нестварното место со име кратер Пантомски е откриено во летото 1949. година кога геологот Владимир Копалков од Иркутск случајно налетал на мистериозна појава во сибирската тајга со обем од 130 до 150 метри и висина од 50 до 80 метри.
Веднаш било јасно дека пронашол нешто што не се гледа секој ден, а на необичната појава и го дал името Пантомски по реката која се наоѓа во близина.


Иако Копалков се обидел да организира вистинска експедиција и да го истражи тоа подрачје не добил финансиски средства за тоа бидејќи Русите во тоа време биле концентрирани на варањето на ураниум за правење нуклеарни бомби.
Првата експедиција била неколку децении подоцна, а еден член починал од ненадејниот срцев удар веднаш откако се приближил до кратерот.
Собраните примероци покажале дека на тоа место се регистрира слаба радиоактивност додека сеуште не може да се забележи ураниум.
Била негирана и теоријата дека станува збор за можен вулкан и можноста кратерот да е последица од пад на метеор и големата сибирска експлозија од 1908. година. Инаку, кратерот е стар повеќе од 250. години.
Што навистина се случило никој не знае, а научниците и понатаму истражуваат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …