(ФОТО) Кејт Мидлтон и принцот Вилијам денеска ја слават 12-годишнината од бракот: Свадбата ја следеа над 30 милиони луѓе, а за венчаницата на принцезата и денеска се зборува 

Нивната венчавка ја следеше светот…
Принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт Мидлтон, денеска ја слават 12-годишнината од бракот. За да ја одбележат оваа пригода, тие денеска споделија нова фотографија, која е направена на нивниот имот во Сандрингем во текот на еден многу обичен ден.
На фотографијата Кејт носи темни тесни фармерки и романтична бела кошула, додека нејзиниот сопруг е облечен во сличен тон.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се венчаа на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија. Двојката рече „ДА“ пред 2.000 гости, а свадбената церемонија ја следеа 36,7 милиони луѓе ширум светот. Сега, 12 години подоцна, со три мали деца, парот изгледа позаљубено од било кога.
– 12 години – пишува едноставно, но доволно, во описот на фотографијата на официјалниот портрет на парот на социјалната мрежа Инстаграм.

Кејт, која тогаш имаше 29 години, носеше фустан од Александар Меквин, фустан во А линија, кој оттогаш стана популарен ширум светот.



Двојката се запознала во 2001 година на Универзитетот Сент Ендрјус. Прво станале пријатели, а подоцна и пар.
– Кога првпат ја запознав Кејт, знаев дека има нешто многу посебно во неа, сакав да го истражам тоа, но извесно време бевме само пријатели – рекол принцот Вилијам во едно интервју во 2010 година, по повод нивната свршувачка.


Денес парот има три деца, принцот Џорџ (9), принцезата Шарлот (7) и принцот Луис (5).


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тајната за младешки изглед оваа Нова година

Со приближувањето на Новата година, многумина од нас размислуваат за нашите рутини и размислуваат за …