(ВИДЕО) Возачот на автобусот се онесвестил додека возел, момчето херој седнало зад воланот и ги спасило сите

Седмоодделенец од Мичиген го запрел својот училишен автобус да излета од патот откако жената што го возела изгубила свест.
Кога Дилан Ривс видел што се случило со возачот, решил да ги преземе работите во свои раце и да ги спаси своите пријатели.


Директорот на средното училиште во кое момчето учи го пофалил Дилан, а неговиот потег го нарекол многу зрел.
За време на возењето, жената зад воланот почувствувала вртоглавица и веднаш ја предупредила базата дека не се чувствува добро и дека ќе застане на една од станиците за да може да ја замени некој од колегите.
Но, таа не издржала до таа станица бидејќи пред тоа се онесвестила. После тоа автобусот почнал да се исклучува од патот, а Дилан кога видел што се случува, веднаш го фрлил ранецот и истрчал до возачкото седиште.
Момчето го фатило воланот во раце, а потоа успеало да го запре автобусот на сред пат.
На видеото што го објави полицијата, Дилан ја презема контролата над воланот, полека притиска на сопирачките, а потоа им вели на другите сопатници во возилото да повикаат помош, пишува CNN.
„Некој да се јави на 911 сега. Некој треба да се јави на 911. Не ми е грижа! Некој нека повика брза помош“, се слуша на снимката.
Во меѓувреме, надлежните соопштија дека автобусот бил полн и дека во него имало 66 патници.


„Ниту едно од децата не е повредено, а не е уништен ниту автобусот, ниту имотот. Состојбата на жената која била зад воланот е стабилна и таа е пренесена во болница на дополнителни анализи“, соопштено е.
Кога родителите на Дилан слушнале што се случило, биле многу горди на својот син.
„Тој е нашиот мал херој. Ние сме многу горди на него. Ова е голема работа за нас“, рекле родителите.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница и промоција на книгата „Водич за ослободување од тага“ на Билјана Пешева во Куманово

Денес, со почеток во 18:00 часот, во книжарницата Booksy во Куманово, ќе се одржи работилница …