(ФОТО) „Италијанско совршенство“: Моника Белучи и се што сакавме да знаеме за неа

Пред речиси 20. години, една новинарка ја нарече Моника „италијанско совршенство“, а како што денес гледа на тоа, таа изјавила во големото интервју за „Гардијан“.

„Тоа ми е смешно. Тоа е само фантазија која трае без причина и никој не верува во неа. Ниту јас не верувам. Не ни читам такви работи, досадно ми е”, рекла Моника Белучи. Повод за интервјуто е нејзината нова улога. Имено, во театарот Моника Белучи го толкува ликот на познатата оперска дива Марија Калас.
„Имате чувство дека сè што имала на крајот е музика. Сè друго го снемало“, рекла таа. Моника направи кариера во Холивуд, но сепак одлучи да живее во Европа. „Да се ​​биде ВИП во Америка и Европа е голема разлика. Во Европа, па дури и во Лондон, актерите живеат нормален живот. Сама ги носам децата на училиште, намирниците што ми требаат ги купувам во продавниците“, вели Моника Белучи.



Нејзината ќерка Дева за прв пат беше забележана на 14. години додека присуствуваше на снимање со нејзината мајка:
„Тие ја забележаа и рекоа: ‘О, Боже, би сакале да направиме нешто со неа’. Но, таа беше премногу млада, па малку почекавме“.
Сепак, Дева брзо стана заштитно лице на парфемите на „Долче и Габана“ и отиде на модните писти и на насловните страници на списанијата.



„На младите денес им е полесно, нема натпреварувачки дух како порано и се многу поодговорни.А тие два света модата и актерството некогаш не беа многу блиски, не одеа рака под рака. Денес е поинаку. Почнав многу млада, но не го напуштив училиштето А потоа се преселив на филм. Имав 25. години и бев независна од никого. Влегов во светот на филмот добро заштитена. Денес се е до изгледот, но бизнисот не се заснова на убавината. Ако сте само убави, нема да работите повеќе од пет минути“, рекла Моника.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …