(ФОТО) Исповед на девојка која во градите ја удрил гром

На првиот ден од факултет, таа одела до зградата каде што требало да има часови кога ненадејно паднала на земја. Се обидела да повика помош, но сфатила дека не може да се движи или да зборува. Вака изгледа исповедта на девојка која во градите ја удрил гром !

This image has an empty alt attribute; its file name is ema-egler.jpg


Ема Еглер (18) минатиот викенд се преселила во Пенсакола, Флорида, возбудена поради колеџот на кој требало да почне. На првиот ден од часовите тргнала кон зградата кога гром ја удрил во градите. Таа го опишала своето искуство и ги покажала последиците, пренесува.

This image has an empty alt attribute; its file name is devojka-udrena-od-grom-1.jpg


Ема била погодена од гром во градите и се здобила со тешки изгореници. Нејзината маица била „испржена“ и се залепила за телото, часовникот експлодирал, а од силината на ударот останала дупка на чевлите.

„Одев, и одеднаш се најдов на подот. Првото чувство беше срамот, мислев дека се сопнав пред сите. Но, тогаш сфатив дека не можам да зборувам или да се движам. Ми пријде млад човек и ме подигна, повикаа итна помош. Маичката ми беше целосно скината, а парчињата беа залепени на мојата изгорена кожа. Патиката и чорапот имаа дупки и изгорени делови“, рекла таа.



Громот и поминал низ градите, опасно блиску до срцето, а таа се здобила со изгореници на градите и стомакот, како и на рацете. Громот излегол низ левата нога, оставајќи дупчиња на чорапите и патиките.

This image has an empty alt attribute; its file name is ema-egler-saat.jpg

„Лекарите ми рекоа дека треба да купам ливче за лотарија бидејќи имам неверојатна среќа што сè уште сум тука“, изјавила Ема за американските медиуми.
Иако на почетокот мислела дека е трајно парализирана, Ема се опоравува и ја вратила својата подвижност.

Фото: Принтскрин/FACEBOOK

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …