Низ социјалните мрежи се прошири сликата на жена која води дете со синџир околу вратот низ центарот на Суботица.
Како што се дознава, станува збор за жена од Будимпешта која продава на саемот во рамките на фестивалот Интеретно.
Жената рекла дека детето и е внук, кој, според неа, сам го завиткал синџирот и дека кратко време си играле, пишува порталот Subotičke.rs.
Тоа го потврдила мајката на момчето, која на репортерот на тој портал му го покажала синџирот со кој си играло малото момче.
Изјавите на бабата ги потврдиле и блиските продавачи.
Извор: Subotičke.rs