(ВИДЕО) Вака навистина изгледала КЛЕОПАТРА: Вистинскиот изглед на фаталната жена на која ниту еден маж не можел да и одолее

Дали Клеопатра навистина имала несекојдневна убавина?
При спомнувањето на името Клеопатра, првата асоцијација на сите е неверојатно убава жена, која е независна, моќна, а мажите воздивнуваат по неа. Во историјата остана запаметена по тоа што ги заведувала најмоќните мажи, а не и одолеале ниту Цезар и Марко Антоние.
Познатиот грчко-римски историчар Плутарх напишал: „Нејзината убавина не е сама по себе невидена, ниту нешто исклучително за оние што ја гледаат“.
Уметникот и специјалист за реконструкција на лице М.А. Лудвиг врз основа на преживеаните прикази на ликот на Клеопатра, направил цела низа можни појави на познатата египетска владетелка.



Откако ги погледнале овие видеа, многумина биле разочарани и очекувале многу повеќе. Сепак, можеби, без разлика што можеби нема совршени црти, таа пленела со својот изглед, став, однесување и интелигенција.
Сеќавањето на неа останало до денес, иако поминале векови. Ова е доказ дека физичкиот изглед е минлив и неважен кога се споредува со карактерот и делата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …