(ФОТО) Ирина Шајк и Бредли Купер се повторно заедно!?

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) биле фотографирани заедно во Њујорк, а се повеќе има гласини за нивно помирување. По бурните две години шпекулации за тоа зошто Бредли и Ирина раскинале, поранешниот пар бил е виден повторно заедно.


Папараците успеале да го сликаат Бредли во автомобилот со неговата поранешна девојка Ирина, со која има ќерка.
Извор близок до поранешната двојка за американскиот магазин „ОК“ изјавил дека тие се зближиле за време на пандемијата на вирусот корона и дека меѓу нив повторно се јавиле искри.
Да потсетиме, парот раскина веднаш по премиерата на „Sвездата е родена“, а американските медиуми тогаш тврдеа дека тој влегол во врска со главната актерка, поп-sвездата Лајди Гага, но, и двајцата ги негираа овие наводи.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …