(ФОТО) Интернет „се вљубил“ во руската Ангелина Џоли – но сепак, некои и забележуваат!

Додека некои корисници на социјални медиуми го фалат неверојатниот изглед на руската убавица и се восхитуваат на нејзината сличност со славната холивудска актерка, Ангелина Џоли, има некои кои и нашле маана.
Sвездата на Инстаграм, Алина Карахова, по потекло од Северна Осетија, неодамна го привлече вниманието на неколку корисници на Интернет за нејзината очигледна сличност со славната американска актерка Анџелина Џоли.

Додека некои корисници на социјалниет медиуми го фалат неверојатниот изглед на руската убавица и се восхитуваат на нејзината сличност со холивудската актерка, познатата личност Ангелина Џоли, има такви кои тврдат дека нејзиниот изглед е само производ на пластична операција.
И покрај фактот дека  во моментов има релативно малку (помалку од 20.000) следбеници, се чини дека сè повеќе луѓе почнуваат да го забележуваат нејзиниот прекрасен изглед и шарм.

Коментирајќи ги фотографиите што ги објавила на Интернет, фановите на Алина го пофалија нејзиниот изглед и ја замолиле да ја открие тајната на нејзината убавина.
Меѓутоа, нејзиниот изглед на социјалните медиуми привлече голем број критичари, од кои некои истакнуваат дека изгледот на Алина е само производ на пластични операции.

Според локалните медиуми, Карахова живее релативно скромен живот што не може да се спореди со гламурот на холивудска славна личност. За Карахова се вели дека поголемиот дел од времето го посветува во одгледување на синот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …