Пријателски бивши? Можно е!
Поранешниот сопруг на кралицата Камила, Ендрју Паркер Боулс вчера бил меѓу гостите на крунисувањето на неговата поранешна сопруга Камила и нејзиниот сопруг, кралот Чарлс.
Неговото присуство е изненадување, со оглед на турбулентната историја на оваа поранешна двојка. Но, се чини дека во кралското семејство се е можно…
Имено, кога Камила стапила во врска со Чарлс, била мажена и имала две деца. Чарлс во тоа време сè уште не бил оженет, но под притисок на семејството морал да се ожени, а сите знаат како заврши тоа.
Сепак, Дијана е запаметена како „кралица на народот“, додека Камила вчера ја презеде круната. Многумина се прашуваат како успеала во сето тоа, од најомразена жена во кралството и јавноста, и љубовница, да стане кралица.
View this post on Instagram
Камила и Ендру биле во брак од 1973 до 1995 година и имаат две деца, Том и Лора. Во меѓувреме, Чарлс и Дијана беа во брак од 1981 до 1996 година и ги добија принцовите Вилијам и Хари. Пред и за време на бракот, Чарлс и Камила имале афера која била разоткриена околу 1992 година и тогаш избил вистинскиот скандал.
View this post on Instagram
И покрај сите проблеми и препреки, тие се венчаа во 2005 година со конечен благослов на кралицата.
Се чини дека целата „вода е под мостот“, а Ендру дури присуствувал на церемонијата на нејзиниот и големиот ден на Чарлс.
Очекувано присуствувале и нивните деца Том и Лора.
Фото: Принтскрин/Instagram