(ФОТО) Сам, отфрлен, изолиран: Сите зборуваат за чудниот потег на Хари на крунисувањето


Читач на усни открил што им рекол принцот Хари на гостите кога пристигнал во Вестминстерската опатија за крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс.
Војводата од Сасекс пристигнал во исто време со неговите братучетки, принцезите Беатрис и Евгенија, заедно со нивните сопрузи, Едоардо Мапели Моци и Џек Бруксбанк.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by The Duke & Duchess Of Sussex ♡ (@allsussex)



Тој влегол пред принцот и принцезата од Велс и нивните деца и добил седиште три реда зад нив.
Хари седел до сопругот на Евгенија, Џек и принцезата Александра, братучетка на покојната кралица, која немала работен кралски ангажман со децении. Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс, објаснил дека Хари изгледал нервозен додека чекал да пристигне Чарлс.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Sussex Ailesi ✨ (@sussexailesi)


„Додека Хари чекаше на своето место да пристигнат татко му и брат му, имаше некои сублиминални знаци на зголемена напнатост или вознемиреност. Тој ги гризеше усните и ги лижеше и почесто трепкаше, што покажуваше дека е под наплив на адреналин поради стрес“, рекла таа за The Mirror.

This image has an empty alt attribute; its file name is princ-hari-na-krunisuvanjeto.jpg

Џуди потоа вели дека војводата од Сасекс почнал да „зјапа“ во принцезата Ана, која седела во редот напред, правејќи необичен гест. Погледот му бил вперен во тетка му Ана која разговарала со луѓето на седиштата пред неа, а потоа главата му паднала.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by The Duke & Duchess Of Sussex ♡ (@allsussex)


Џуди верува дека Хари бил среќен што ги сретнал своите роднини.

„Прво разговараше со Ед, потоа го привлече вниманието на Евгенија и Џек, а потоа го видовме неверојатното враќање на шегобиецот Хари, смеејќи се додека мавташе со рацете под стомакот, јасно шегувајќи се за напредната бременост на Евгенија. Откако ги насмеа, тој продолжи да оди сам“, рекла таа и додала дека војводата изгледал самоуверено кога влегол во опатијата.
Се верува дека распоредот на седиштата била една од спорните точки што го натерала Хари да одложи да одговори дали ќе присуствува на крунисувањето. Хари нема долго да остане во Лондон, а се верува дека веднаш по церемонијата ќе се врати во САД.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by КОРОЛЕВСКАЯ СЕМЬЯ. НОВОСТИ (@1royalnews)


„На организаторите им беше кажано дека Хари нема да присуствува на концертот со остатокот од кралското семејство, што е штета бидејќи тоа ќе биде толку спектакуларен настан“, рекол изворот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во Лас Вегас – И’ покрај болеста, Селин Дион уживала на концертот на Coldplay: Ги воодушевила фановите со своето танцување и добро расположение

На концертот на Coldplay во Лас Вегас, Селин Дион ги засенила присутните со своите танцови …