(ФОТО) Им завидуваат на среќата па ги разведуваат: Крај на четиригодишниот брак!?

Наводен извор раскажал дека на Клуниеви бракот повеќе „не им цвета“ и дека се пред развод…
Последните денови некои медиуми се распишувале дека Џорџ и Амал Клуни се пред развод тежок 520. милиони долари.

Radar Online објавил дека адвокатката после жестока кавга со сопругот отпатувала на Сардинија со едногодишните близнаци Ела и Александер. Тоа пак, многу го разлутило Џорџ па почнал „да ја бомбардира“ со пораки во кои бара да му дозволи да ги види децата.
„Амал му рекла дека, ако дојде на Сардинија, ќе мора да спие во куќата за гости бидејќи не сака да и се приближува“, раскажал изворот.



Откако се кренала прашина, целата приказна ја демантирал гласноговорникот на Клуни.
„Приказната е потполно измислена“, порачал за Hollywood Life.
Клуни во дамнешната 1995. година, псоле разводот од Талиа Балсам рекол дека никогаш повеќе нема да се жени бидејќи едноставно не е добар во тоа. А, потоа, се појавила Амал која го воодушевила. Двојката се венчала во 2014. година, во Венеција,една година откако се запознале.


Славните сопружници последен пат заедно се видени во јавност во почетокот на декември кога Џорџ заедно со своите родители ја поддржал Амал на 23. доделување на наградите на Здружението на дописниците на ОН каде, како и секогаш, изгледале среќно и вљубено, а со нив биле и близнаците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …