(ФОТО) Спас во верата: Џон Траволта си ја отворил душата и искрено проговорил за губењето на синот…

И’ покрај богатата кариера на глумецот Џон Траволта семејството секогаш му е на прво место, а тешките животни моменти, како што самиот вели, ги пребродил благодарение на Саентолошката црква…
Славниот 64. годишен глумец Џон Траволта во разговор за USA Today признал дека Саентолошката црква му помогнала во соочувањето со трагичното губење на 16. годишниот син Џет во 2009. година.


Губењето на синот Траволта го нарекол најлоша работа која му се случила во животот признавајќи дека не знаел дали ќе успее да ја преброди оваа загуба.
Неговото најстаро дете кое се борело со аутизмот и болеста Кавасаки, доживело напад за време на смеејниот одмор на Бахамите. За време на нападот 16. годишниот Џет ја удрил главата што на крај се покажало како кобно.


„Црквата никогаш не не напушти во две години. Не знам дали би преживеал без нивната поддршка. Нашата црква е вистинска работа која не прави приземјени“, признал Траволта.
После несреќниот настан Џон Траволта и сопругата Кели Престон семејството го направиле најголем приоритет.


„Нашите деца се наш најголем интерес во животот. Нивната иднина ни е најважна“, се зборови на Траволта кој врската со глумицата Кели Престон ја започнал после запознавањењто на снимањето на филмот „The Experts“ во 1989. година за да две години подоцна стапат во брак.
Џон и Кели се родители на 18. годишната ќерка Ела и осумгодишниот син Бејнамин.

View this post on Instagram

Ben 🎥 Ella onset of Poison Rose this week!

A post shared by John Travolta (@johntravolta) on

„Тие се паметни деца и добро напредуваат бидејќи се охрабрени да го применат она што го научиле. Ела заработува за живот како глумица и многу сме горди на неа“, открива Траволта чија ќерка неодамна го завршила снимањето на криминалистичкиот трилер „The Poison Rose“ во друштво на глумците Брендон Фрејзер, Морган Фримен и татко и.

View this post on Instagram

I hope everyone had a great New Year!

A post shared by John Travolta (@johntravolta) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …