(ФОТО) И’ монархијата се менува – се пишува историја: Оваа година ќе се случи првата кралска геј венчавка

Роднина на кралицата Елизабета II ќе се венча со долгогодишниот партнер…

За кралското семејство, очигледно, оваа година е полна со љубов. По венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, не чека уште и онаа на принцезта Еугенија. Но, уште една венчвка, и тоа историска, ќе се случи во 2018. година.


Првата кралска геј венчавка ќе се случи кон крајот на летото, а среќникот е лордот Ивар Маунтбатен кој ќе ја озакони долгогодишната врска со Џејмс Којл.


Ивар е роднина на кралицата кој со години се борел со сопствената сексуалност, но сега е конечно среќен и едвај чека да влезе во брак со партнерот кого го запознал на скијање во Швајцарија.
Работата да биде подобра, до „олтарот“ ќе го придружува неговата бивша сопруга Пени, со која бил во брак 16. години и имаат три ќерки – Ела (22), Аликс (20) и Лули (15). Пени и Ивар после разводот останале во одлични односи,а ќерките се сетиле на идејата Пени да го „предаде“ Ивар на венчавката.

The modern Father's Day – two dads! #bridwellpark #fathersday #modernfamily

A post shared by Ivar (@ivar_mountbatten) on

„Многу сум емотивна поради тоа, трогната сум што ќе учествувм во тоа. Од првиот момент одлично се согласувам со Џејмс, а Ивар потполно се промени откако призна дека е геј. Многу подобра личност е, многу е посреќен“, рекла Пени.
Ивар и таа се разделиле после осум години, а роднината на кралицата по трето колено е прв член на кралското семејство кој е отворен хомосексуалец.

„Луѓето беа малку шокирани, но сите ме прифатија. Мојата најстара ќерка рекла дека тоа е потполно нормално. Денешните генерации тоа поинаку го сфаќаат“, вели Ивар.
Уште од детството знаел дека повеќе го привлекувааат мажите, а пред да се венча со Пени и признал дека имал афера со маж, додека бил на патување во Јужна Америка.

Вели дека се сакале и дека имале прекрасен брак, но дека сега се посреќни.
Ивар и Џејмс ќе имат малечка церемонија, а подоцна планираат вечера и забава за околу 120. луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …