(ФОТО) ГРАДИНАРИ НАШЛЕ ЧУДНО СПАКУВАНО ЌЕСЕ: Сликата на славен сликар најдена на неверојатно место после 20. години !

Сликата, украдена пред 20 години е случајно пронајдена пред пет недели во Пјаца во северозападна Италија, е оригинално дело на австрискиот сликар Густав Климт, соопштија денес италијанските судски власти.
„Со голема возбуда можам да потврдам дека пронајдената слика е оригиналот“, рекла адвокатката надлежна за истрагата, Орнела Чиќа.
Музејот во Пјаченка беше затворен во февруари 1997 година поради градежни интервенции и во тоа време била украдена „Портрет на една дама“.
На 10. декември, градинарите случајно ја нашле сликата додека го чистеле на надворешниот ѕид на музејот. Чистејќи го бршленот на ѕидот, наишле на дупка за вентилација во која нешто било завиткано во црна кеса за ѓубре. Во ќесата била сликата без рамка.
Директорот на музејот, Масимо Ферари, во првата реакција рекол дека има индиции дека може да се работи за украдена слика.


Климт ја насликал „Портрет на една дама“ во 1916. и 1917. година.
Сликата го привлече вниманието на светот во 1996. година, кога студентката по историја на уметност, Клаудија Мага, придонесла за откривање на друг портрет кој се криел под првиот.
Густав Климт (1862-1918) бил австриски симболистички сликар и еден од основачите на Виенската сецесија. Неговите дела вклучуваат слики, мурали, цртежи и други уметнички дисциплини, особено применета уметност. Денес тие се претежно изложени во Виенската галерија Арт Нову. Главниот предмет на Климт било женско тело, а неговите дела биле исполнети со еротизам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 21.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Денеска Овенот главно ќе се занимава со документација со акцент на довршување на …