(ВИДЕО+ФОТО) НЕПРОМИСЛЕНА ОДЛУКА – РУСИН СЕ ИСКАЧИЛ НА ПИРАМИДА ВО ГИЗА И „ ЗАГЛАВИЛ“ ВО ЗАТВОР: „Тоа беа 5. најлоши денови во мојот живот!“

Американскиот блогер, со руско потекло, Виталиј Здоровички, инаку многу популарен на Инстаграм, се искачил на една од пирамидите во Гиза за да фотографира од врвот на историскиот споменик. Поради ова, тој поминал пет дена во затвор во Египет.
Како што вели, петте дена што ги поминал во египетски затвор биле „најлошото искуство во неговиот живот“, но тој сè уште не жали за тоа што го направил затоа што „не било од лоша намера“.


“Немам зборови за да опишам што се случуваше во последните пет дена. Јас завршив зад решетки во Египет затоа што се искачив на пирамидата во Гиза.Завршив во затвор неколку пати, но ова е најлошото. Видов ужасни работи и никогаш нема некому да му посакам да го доживее тоа. Но, дали вреди? Да!“, изјавил Здоровички.

View this post on Instagram

Unstoppable 😈 📸: @rocknfoto

A post shared by Vitaly (@kingvitaly) on

Сепак, неговите фанови го поддржуваат.
„Веројатно никој повеќе нема да може да го фати тој поглед. Извонредна фотографија“, стои во еден коментар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Младенци влегле во салата, а потоа настанала тишина: Сфатиле дека никој не дошол на нивната свадба, невестата снимала се, а тажните сцени предизвикале хаос на мрежите

Таа објаснила дека поканила 75 луѓе преку социјалните мрежи, додека 25 физички покани се испратени …