Челси Фер има само 10. години, но веќе собрала повеќе од 2.500 комплети за ликовна уметност што им ги испраќа на децата жртви на трауматски животни искуства и на сиромашните…
Децата што живеат во сиропиталишта, жртви на масовни престрелки или слични инциденти, допреле девојка која решила да им помогне на свој начин, пишува Yahoo.
Мајката на Челси, Кендис Фер вели дека започнала да се распрашува за хуманитарна работа пред пет години, но минатиот август кога наполнила 10. години, таа и нејзиниот сопруг заклучиле дека е доволно стара за да ја преземе одговорноста за таквата работа.
Наместо за роденденот да и’ даваат играчки, Челси ги замолила пријателите и роднините да и купат боици, фломастери, пластелин и други предмети за ликовна уметности. Таа планирала да направи специјална кутија со вакви материјали и да ја испрати до децата кои живеат во засолниште за бездомници во Данбери, Конектикат. Веќе две недели по роденденот, таа подготвила 40. такви комплети кои содржат пастели, боици и хартија.
Гледајќи колку радост предизвикаа со своите подароци, пријателите и семејството решиле да и дадат повеќе материјали. Мајка и и’ помогнала да организира список со желби на Амазон со производите што им биле потребни за да направи повеќе сетови, а таа отворила профил на социјалните мрежи за да им каже на луѓето да знаат што прави. Настанала Chelsea’s Charity program (добротворна програма на Челси).