Берни Еклестон во 90. година добил син и му дал симболично име

БЕРНИ ЕКЛЕСТОН стана татко, по четврти пат, на 90-годишна возраст. Неговата 46. години помладата сопруга, Фабијана Флоси, роди момче кого тие одлучиле да го именуваат Ace, што значи Ас.
Името е изведено од латински, а на тој јазик значи „еден“ и „експерт“.
Според британските медиуми, раѓањето траело само 25 минути.
„Го нарековме мојот син Ace, јас сум горд“, рекол тој за Blick.
„Беше лесно, раѓањето заврши за 25 минути. Фала му на Бога“, додала Фабијана.


Двојката за време на бременоста била во изолација во нивниот дом во Сао Паоло. Не е откриено дали Берни присуствувал на раѓањето затоа што според некои извештаи тој бил на воз за Спилберг во Австрија, каде што овој викенд ќе се одржи трка во Формула 1.Претходно, Фабијана рекла: “Како и сите родители, имаме само една желба: детето да се роди здраво. Се надеваме дека тој никогаш нема да покаже интерес да се натпреварува во Формула 1.”



Берни има три ќерки, 65-годишната Дебора, која е родена со неговата прва сопруга Ајви Бамфорд, и 35-годишната Тамара и 31-годишната Петра, од бракот со хрватската манекенка Славица Радиќ. Три години по разводот од Славица, Берни се ожени со Фабијана.
Тој со директорката за маркетинг се запознал во 2009 година, а се венчале во 2012 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …