(ФОТО) Ги разочарал обожавателите: Бали бег пуштил коса и врзал пунџа!

Иако до пред две години го нарекуваа најпожелен турски ерген и еден од најзгодните
турски глумци, многу девојки не ја одобриле оваа промена на имиџот…

Само промени се случуваат во животот на глумецот Бурак Оџивит (33) оваа година. Прво се
„запушти“ и повлече од јавноста, потоа се појави веста дека со сопругата и колешка
Фахрије Евџен (32) очекува дете, а сега го променил имиџот.


Глумецот уште пред неколку месеци почнал да ја пушта косата и таа фризура наишла на
многу позитивни коментари, а сега ниту ја пушта ниту ја шиша. Бурак, попознат како Бали
бег, одлучил кодата да ја врзе во пунџа.


Иако до пред две години го нарекуваа најпожелен турски ерген и еден од најзгодните
турски глумци, многу девојки не ја одобриле оваа промена на имиџот.Сепак, Бали бег носи
пунџичка, а се чини дека и се допаѓа на неговата избраничка.


Парот од почетокот се труди својот приватен живот да го чува далеку од очите на
јавноста, па и бременоста ја криеле се’ додека неговите пријатели не ја потврдиле
среќната вест.

Тие тврдат дека Фахрије е пресреќна што после депресивниот период следела веселба. Имено, на Бурак,оваа година му се редеа деловни неуспеси, дознал за болеста на дедото и паднал во депресија. Едно време се зборувало и дека бракот му е во криза, но тие гласини ги деманатирала веста за бременоста на глумицата.

Бурак се прославил со улогата на Бали бег во мега популарната тв серија “Сулејман
Величествениот“, а дури бил вброен и во топ 100 глумци на страницата на IMDB. Со Фахрије
се венчал во 2017. година после три години врска.
Бурак Оџивит македонските тв гледачи моментално можат да го гледаат во тв серијата
„Карасевда“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …