(ФОТО Галерија) Модерна Пепелашка: Кејт Мидлтон блеснала како вистинска принцеза во блескав фустан и свилени чевли

Британската миленичка, Кејт Мидлтон, како вистинска принцеза од бајките блеснала во светкави чевли на гала вечерта организирана во лондонскиот музеј Victoria & Albert…
37. годишната војвотка од Кембриџ се придружила на бројните званици во лондонскиот музеј, на гала вечерта која слави работа на 100. жени во бизнисот.
Како вистинска принцеза Кејт Мидлтон блеснала во сребрен пар салонки со потписот на Оскар де ла Рента, а повеќе од изборот на чевли кои имала прилика да ги носи во неколку наврати, бројните обожаватели на кралското семејство ги воодушевила со изборот на досега невиден балски фустан.

Прекрасниот фустан создадена од слоеви плисиран тил правела ефект на омбра и со својот крој и детали, како кадифената црвена лента околу струкот, ја нагласила складната фигура на војвотката.
Оваа впечатлива креација во нежни нијанси на црвена и розева е дело на италијанската модна куќа „Гучи“, која последните недели на социјалните мрежи проживува осуда на јавноста поради спорната вест која граничи со расизмот.


Новото свечено издание Кејт го комплетирала со црвена кадифена торбичка со потписот на „Прада“ и обетки со розеви дијаманти на дизајнерката Кики МекДоуг,со кои ја оплеменила фризурата на брановидниот полуреп.

Споменатите обетки Кејт последен пат ги носела на венчавката на сестра и Пипа Мидлтон, а на гала вечерта организирана во лондонскиот музеј Victoria & Albert била почесна гостинка и при тоа јавно ја поддржала програмата на Кралската фондација, чија цел е да им помогне на луѓето од сите возрасти во разговорите за нивното ментално здравје, кое е во фокусот на нејзината јавна работа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …