(ФОТО Галерија) Катрин Зита Џонс и нејзината ќерка повторно привлекувале погледи!

Глумицата кетрин Зита Џонс вчерашната вечер ја минала во првиот ред на ревијата на дизајнерот Михаел Корс, која се одржала по повод Њујоршката Недела на модата.


Друштво и правел и сопругот Мајкл Даглас, но и убавата 15. годишна ќерка Керис,која имала иста фризура и мејкап како нејзината мајка.
Двете дами имаат доста долга коса која ја стилизирале во т.м. локни на сирена, а на очите носеле јака розева сенка.


Кетрин во фустанот на преклоп покажала дека и понатаму има завидна линија, а Керис носела „бохо аутфит“, фармерки, сандали на платформа и кожна јакна со шара на змијска кожа.
Ова не е првпат Кетрин со ќерката да присуствува на јавни модни или филмски настани, а се чини дека наследничката на Далглас добро се снаоѓа во новите улоги.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Григориј, епископ Ниски

Свети Григориј, епископ Ниски Брат на Св. Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, …