(ФОТО) Фановите ја нападнале Кардашијан за новата објава: „Зарем не знаеш дека има војна во Украина?

Реалната ѕвезда Ким Кардашијан со новата објава на Инстаграм се нашла на мета на критики. Таа објавила фотографија на која позира пред луксузен автомобил, опкружена со мноштво чанти и кутии со имиња на модни брендови како Прада, Гучи, Шанел и Луј Витон.
Во описот на таа фотографија напишала дека почнува наградна игра. Донира 100.000 долари на картичка, билети за прва класа и пет ноќевања на локација по ваш избор, наведувајќи примери од Париз, Лос Анџелес, Лондон, Токио, Дубаи и Њујорк. Ова не е прв пат таа да објавува ваква наградна игра.

Луѓето во коментарите ја прозвале за оваа наградна игра бидејќо ја објавила среде руската инвазија на Украина. Ким е инфлуенсер која ја следат дури 289. милиони луѓе, а многумина и замеруваа што на друг начин не ја искористила моќта на социјалните мрежи.
„Што мислиш да ги дадеш тие 100.000 долари на бегалците од Украина?“, „Не знаеш ли дека има војна во Украина? Луѓето умираат. Ова ти е лош тајминг“, „Што е со Украина?“, „Зошто го правиш ова?”,”А да ги испратиш тие пари во Украина? “, „Сите овие пари може да одат кај Украинците”, коментираат луѓето.
Ким, инаку, деновиве се огласи на Instagram Stories и му изрази поддршка на украинскиот народ, но таа не одговори на овие критики.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …