(ВИДЕО) Украина: Руски падобранци слетале во Харков, нападнале болница

РУСКИ воздушнодесантни трупи слетале во Харков во текот на ноќта, соопштила украинската војска, повикувајќи се на тековните борби во источниот украински град.
„Руските десантни трупи слетаа во Харков и нападнаа локална болница“, се вели во соопштението на украинската војска на „Телеграм“, потврдувајќи ги претходните информации дека руски падобранци слетале во градот. „Во тек е борба меѓу напаѓачите и Украинците“, се вели во соопштението околу 4. часот наутро по македонско време.
Харков, град со 1,4 милиони жители во близина на границата со Русија, вчера беше бомбардиран неколку пати, вклучително и ракетирање на главниот плоштад, при што загинале најмалку десет луѓе, а повеќе од 20. биле повредени.
Руската инвазија на Украина, да потсетиме, започна на 24. февруари, а во вторникот руските напади се интензивираа.
Началникот на полицијата во Харков, Володимир Тимошко, за новинарите изјавил дека ниту еден украински војник не загинал во престрелката, јавува Би-Би-Си.
„Во моментов ситуацијата во близина на болницата е под контрола, безбедноста е засилена“, рекол тој, пренесоа украинските медиуми.

Се појавија првите непотврдени снимки
Се појавуваат и првите непотврдени снимки од Харков, кој синоќа беше под силно гранатирање.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Трага на Нематеријалното“ – изложба на Софија Грабулоска

Вечерва на театарската сцена во Центарот за Култура „Браќа Миладиновци” во Струга, со почеток во …