(ФОТО) Еве што прави Меган Маркле за да ја сочува формата за време на „заклучувањето“

Пандемијата на коронавирусот забави или запре многумина, но не и Меган Маркл. Затворањето на фитнес центрите и спортските сали не значи дека се занемарила. Покрај тоа, фитнесот сè уште е дел од нејзината рутина.
Ројалта Фиорито, ко-водителка на подкастот на Royally Obsessed, открила кои навики и помагаат да остане во форма.
„Меган е опседната со јога и вложува многу време во медитација, во смирувачки медитативни практики“, изјавила Фиорито за Harper’s Bazaar.
Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што Дорија Рагланд, мајката на Меган Маркл, е инструктор по јога и започнала да ја запознава со оваа древна вештина уште од рана возраст.


Фиорито вели дека Маркл прави јога минимум 15. минути секој ден, а исто така вежба пилатес. Таа исто така често оди на прошетка со кучињата и трча.„Повеќе не е како порано, бидејќи со текот на годините и стана тешко да го следи тој ритам, тоа е премногу болно за нејзините колена“, додала таа.



Во нивниот дом во Монтесито Маркл, принцот Хари и нивниот 20-месечен син Арчи исто така имаат базен, теретана, сауна и игралиште со справи за момчето.


Иако многумина немаат еднакви можности, Фиорито забележува дека YouTube содржи многу бесплатни видеа што ќе ве запознаат со јогата и пилатесот, така што е лесно да се следи ритамот на една од најубавите жени во светот.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …