(ВИДЕО) Откриени хонорарите на актерките за продолжението на „Сексот и градот“

Веќе е потврдено дека Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ќе снимаат нови епизоди од култната серија „Сексот и градот“, но без Ким Катрал, а сега протекоа информации за нивните хонорари.
Римејкот на HBO Max ќе се вика „И исто како тоа“ и ќе има 10. епизоди, а за секоја актерка ќе добие хонорар од еден милион долари, тврди „Variety“. Серијата ќе го следи пријателството на Кери, Миранда и Шарлот и нивниот љубовен живот во 50-тите години од животот.
Секоја епизода ќе трае 30 минути и снимањето, според сегашниот план, треба да започне на крајот на пролетта. Сара објави видео на Инстаграм, како најава за серијата, и први одговорија нејзините славни колеги.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Paragraph Blogazine™ (@paragraphmagazine)


„Да“, напиша Рис Витерспун. „Не можам ни да дишам“, истакна Дру Баримор. „Јас врескам од длабочините на белите дробови“, прокоментира Зои Кравиц. Голем број обожаватели не можеа да го сокријат својот ентузијазам за снимање на серијата, а некои коментираа дека во составот нема да ја има Катрал.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Еден обожавател предложил да ја замени актерката Џенифер Кулиџ, но Паркер одговори дека ликот на Саманта не е дел од продолжението на приказната. Патем, според претходните пишувања на странските медиуми, третиот дел од филмот „Сексот и градот“ не е снимен поради Катрал.
Наводно, Ким инсистирала на тоа дека Ворнер Брос да ги продуцира филмовите што таа ги планирала доколку сакаат да глуми во популарна франшиза.

Видео и фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на првиот роман на Румена Бужаровска – „Тони“

Првиот роман на современата македонска писателка Румена Бужаровска ќе ве удри од земја и ќе …