(ФОТО) Ева Лонгорија на карипски остров ужива со деветмесечниот син

Ева Лонгорија ужива во егзотичнито карипски остров Сент Бартс, каде со сопругот Хозе Бастон и својот деветмесечен син, Сантијаго, времето го минува на песочните плажи.
А, колку уживаат во заедничките моменти се гледа и на фотографијата која Ева ја објавила на својот профил на Инстаграм.
„Бебе на плажа“, напишала под својата најнова објава покрај фотографијата на која гордо го држи својот деветмесечен Сантијаго.
„Какво колаче!Уживај во времето со него бидејќи толку бргу пораснуваат“, и порачала една обожавателка.


View this post on Instagram

Baby at the beach! 👙👶🏻👣


A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on


Тоа била одлична можност убавата глумица, само девет месеци по раѓањето на синот, да се пофали со одличната фигура во црвено бикини. Комлименти пристигнувале од сите страни, а сите ги насмеала и преписката која под фотографијата ја имале таа и Викторија Бекам.

View this post on Instagram

Ohmmmm or Ommmmm depending who you are 😎

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

„Изгледаш толку добро“, и напишала Викторија, на што Ева и одговорила дека е тоа така бидејќи рацете ги држи во воздух.
Нејзиниот изглед го пофалила и тенисерката Серена Вилијамс.
„Колку добро изгледаш“, и порачала Серена.
„И ти демек си родила? Неверојатно“, коментирала глумицата Еми Дејвидсон.
Ева Лонгорија и Хозе Бастон се запознале во 2013. година преку заеднички пријатели, а на 21. мај ќе прослават трета годишнина на брак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …