(ФОТО) Ептен се посрамотил – Ѕвезда на „Игри на престолите“ исфрлена од кафуле:Пијан правел проблеми

Глумецот Кит Харингтон, попознат како Џон Сноу во серијата „Игри на престолите“ толку многу се опил, додека бил излезен со своите пријатели, што го исфрлиле од едно њујоршко кафуле.
Според пишувањето на порталот TMZ, ѕвездата на „Игри на престолите“, Кит Харингтон, си направил проблеми кога овој викенд со друштво излегол во Њујорк. Британскиот глумец, кој во популарната серија го глуми доброчудниот Џон Сноу, во ноќен провод не бил ниту малку пријателски настроен.
Глумецот кој неодмна се свршил со својата долгогодишна девојка и колешка Роуз Лесли, наводно толку многу се опил што пријателите во еден момент морале да го држат за да не се степа со друг гостин во кафулето.

Во јавност се појавиле фотографии на кои глумецот може да се види во доста пијана состојба, а кои ги забележал гостин во кафулето.
Ситуацијата ескалирала кога глумецот се обидел да прекине партија билијард и да игра со своето друштво. Кит бесен удирал со шаки од масата, фрлал билијардски стапови и’ им се внесувал на луѓето во лице.
Како што пишува TMZ еден од сведоците бил присутен кога келнерите го замолиле глумецот да го напушти кафулето,што тој и го направил. Но, набргу се премислил и повторно влегол во истото кафуле, после што персоналот со сила го извлекол од локалот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …