(ФОТО) Холивудска сапуница: Леонардо ДиКаприо ја љуби ќерката (20) на девојката на Ал Пачино

Леонардо ДиКаприо празниците ги минал со својата нова девојка, 23. години помладата аргентинска манекенка и глумица Камила Мороне
Леонардо ДиКаприо (43) веќе некое време, се шушка, ја љуби Аргентинката Камила Мороне (20). Двојката празниците ги минале во скијашки ресорт, каде Камила направила и неколку селфи. Освен Божик, заедно ја дочекале и’ Нова година.

🙏


A post shared by Camila Morrone (@camimorrone) on


Аргентинската манекенка е ќерка на Лусила Соле (38), девојка на Ал Пачино (77). Лусила со оскаровецот во врска е веќе десет години.
Камила порано била во врска со манекенот Џозеф Перез (22), брат на најдобрата пријателка на Кајли Џенер, Лорен (19).
Медиумите во почетокот на минатата година ја нарекле “нова надеж“ во светот на модата, а многумина ја споредуваат со Хајли Болдвин (21).
ДиКаприо е познат по својата љубов кон помлади манекенки, а до сега најмногу време минал со Викториините ангели. Бил во врска со Гиселе Бундцхен, Бар Рефаели, Наоми Камбел, Хелен Кристенсен, Ева Херцигова и многу други.

Ѕвездата на „Титаник“ и „Волк од Вол Стрит“ папараците често „го фаќаат“ на забави со многу помлади манекенки и по некој пријател, како Џона Хил.


Негова најголема љубов, наводно, била манекенката Кристен Занг со која Лео бил две години во врска. Таа го оставила бидејќи сметала дека не е зрел и бидејќи и пречело што насекаде го придружува група манекенки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …